Млечниот пат во песочни облаци

20 април, 20110
Млечниот пат во песочни облаци

Филмот “The Mountain” на фотографот Terje Sorgjerd е направен на вулканската планина El Teide на шпанскиот остров Тенерифе. Филмот е најубавиот приказ на ноќно небо кои некогаш сме го виделе. Филмот е снимен помеѓу 4 и 11 април оваа година. Оваа планиан е и највисока со 3718 метри надморска висина и е едно од најубавите места каде може да се фотографира небото со неговите ѕвезди, а исто така таму е лоцирана и Teide обсераваторијата, која се смета за една од најдобрите опсераватории во светот.

“Мојата цел беше да го фатам Млечниот пат заедно со една од најубавите планини што ги познавам. Морам да признаам дека ова беше и најмакотрпното патување “, изјавил фотографот.

Но на 9 април голема песочна бура ја погодила Сахара, а околу 3 часот на утро песокот стигнал и до местото каде Terje снимал. Ноќното небо било прекриено со жолти облаци. “Мислев дека снимката целосно ќе биде уништена, но нашата галаксија дополнително се разубави со тие облаци и ја нагласи својата убавина“, додал Terje Sorgjerd.

Погледнете го преубавото видео.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi