ММФ: Кинеската економија ќе ја надмине американската до 2016 година

26 април, 20110
rre

За пет години САД би можеле да го загубат статусот на најголема економска сила на светот а со тоа и “ерата на Америка“ дефинитивно ќе биде окончана и тоа десетина години порано од првичните предвидувања на аналитичарите, пишува “Блиц“ пренесува НетПрес.
Тоа значи дека победникот на претседателските избори во САД во 2012 година ќе мора да се соочи со непријатниот факт дека ќе треба да управува со земја која ќе доживее голем “историски“ економски пад.
Ова е прв пат ММФ временски да го одреди незадржливиот напредок на комунистичките сили, но доколку се остварат предвидувањата, тоа значајно ќе влијае на глобалниот однос на силите.
Фондот, чие седиште се наоѓа во Вашингтон, тврди дека неговите проценки се засноваат на споредување на куповните сили на двете земји. Оваа вест фрла голема сенка на иднината на доларот како доминантна валута, како и на обидот Вашингтон да го намали буџетскиот дефицит и да го контролира се’ поголемиот јавен долг.
Политичарите пак тврдат дека технологијата на Пекинг заостанува зад американската и дека поголем број Кинези живеат во сиромаштија. Оваа азиска земја исто така заостанува зад Америка кога станува збор за производство по глава жител. Во 2009 година, ММФ пресметал дека бруто домашниот производ по глава жител во САД изнесува околу 32.000 илјади евра, а во Кина само 2.800 евра.
Многу аналитичари се изненадени од предвидувањето на ММФ дека Кина ќе ја престигне Америка во 2016 година, бидејќи очекувале дека САД ќе остане водечка економска сила барем до доцните 2020-ти.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi