Мојот живот сега вреди 3.000 евра!

22 август, 20110
rulet

Исповед на коцкар

Се плашам, бидејќи ако до 21 август не ги вратам парите на лихварите, грозни и одвратни работи може да ми се случат мене и на моето семејство. Прокоцкав куќа, автомобил, три компјутери, огромна сума на пари – раскажува, дваесет и три годишен сопственик на ресторан, С.О.

– Еден мој познаник, кој им должеше 1.000 евра беше претепан и фрлен од мост… Јас само можам да претпоставам што ме чека мене. Коцкањето секогаш се завршува со некаков проблем, поголем или помал – ја започнува својата исповед нашиот соговорник.

Два дена во казино

Кога бил на пат кон нашата редакција за да ја даде својата исповед, го сретнал човекот што го вовлекол во коцкарскиот пекол.

– Беше претепан, а четири полицајци го носеа кон автомобилот. Сепак, една од моите најлоши епизоди во животот беше кога во казиното на Зелени венец поминав речиси 24 часа пред автоматите за коцкање. Таму буквално поминав два дена без да излезам надвор, а во тој период, имав јадено само два пати – продолжува нашиот соговорник.

Започнал да се коцка уште додека бил во средно училиште. Еден ден, негов близок другар го викнал да отидат заедно во обложувалница – тоа претставувал “кобниот ден“.

Од пет уплатени билети добил на четири. И така, ја започнал својата “коцкарска кариера“. Тврди дека доколку првиот пат немал таква среќа, не би стапнал уште еднаш во обложувалница.

Семејството не знае сé

Ниту пак, самиот знае колку пари му поминале низ рацете, но сигурен е дека има дадено многу повеќе отколку што има добиено. Денес нема ништо освен, долгови и проблеми како да ги врати парите. Ја изгубил куќата на дедо му, автомобилот на татко му, три компјутери, огромни суми на пари….

– Сé што ќе добиете од коцкање, на крајот враќате пет пати повеќе. Можам само да кажам дека сум прокоцкал многу. Без разлика на тоа колку пари и да изгубиш, секогаш се враќаш назад. Минатата година од “Гранд Казино” излегов со еден милион динари, а потоа им вратив сé назад. Моето семејство не знае колку е голема мојот проблем, бидејќи сето ова време, некако успевав да го скријам и ги вратам долговите. Имав добри работни места – извесен период работев на брод, па отворив кафуле, организирав забави и секогаш имав пари. Кога сето тоа го прокоцкав, почнав да позајмувам од роднини, од лихвари. А кога ќе влезеш во тој круг, нема излегување.

Минатата година првпат позајмив од лихвар околу 400 евра, за на крајот до годината мојот долг кон нив да достигне до 18.000 евра. Знам дека е одвратно тоа што ќе го кажам, но имав среќа што мојот дедо почина и ја остави својата куќа, а јас ја продадов, заедно со автомобилот на татко ми, за да можам да го вратам долгот – продолжува да раскажува, иако е целосно свесни за проблемот во кој се наоѓа и она што го чека.

– Можеби немам пари. Секој пат кога имав долгови размислував: само да се извлечам сега и нема повеќе да се коцкам. Но, јас секогаш продолжував. Од тоа “извлекување“ одиш само подлабоко. Секој пат кога сум бил во близина на излезот, секогаш се враќав назад на коцката. Откако почнав да се коцкам, нема момент, а да не должам на некого. Доколку немаш некој што ќе те извлече, секогаш ќе се враќаш назад. Моето семејство не сфаќа во колку длабок проблем сум. Не можам да му кажам на татко ми, само би го уништил со ваква вест. Од толку многу пари кои ми поминале низ рацете, немам ништо. Не знам ниту на какви глупости сум трошел пари. Се сеќавам дека ги потрошив парите кои моите ми ги дадоа за да си ја платам чланарината во клубот во кој играв фудбал. Сите пари ги потрошив во обложувалница – ја продолжува својата исповед нашиот соговорник.

Во овој момент, нема никакво решение како да го врати својот долг на лихварите. А времето поминува. Остана само уште неколку недели до датумот кога треба да врати 3.000 евра. Се плаши од последиците што го чекаат, се плаши за својот живот, но и за животот на своето семејство.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi