Моќта на деветката

4 мај, 20110
099-cena

Двајца американски експерти за маркетинг и менаџмент одлучиле да ја решат магичната привлечност на цените кои завршуваат на ,99, и која се уште ги привлекува купувачите за некои артикли кои порано имале округла цена.
Оваа стратегија цеинте да завршуваат на ,99, всушност е доста стара и се применува најмалку сто години. Експертите неможат со сигурност да кажат кој го смислил овој трик во трговијата, но многу лесно може да ја потврдат и објаснат неговата ефиканост.
Таквото формирање на цените се заснова на теоријата дека сите читаме од лево кон десно, првата цифра на цената најчесто појако се врежува во нашиот ум. Баш затоа потрошувачите попрво би купиле производ кој чини 99 денари, а не идентичен производ кој чини 100 денари.
Покрај ова луѓето многу често не губат време во размислување и донесување одлука за купување на производи, особено оние кои се со пониски цени, па лесно е веројатно бројките зад вистинската вредност не се земаат предвид.
Експертите Ерик Андерсон и Данкан Симестер, во весникот ’Harvard Business Review’ ја имаат објавено својата статија во која се објаснува дека со ,99 цената е трик со кој продавачот сака да го увери потрошувачот дека некој производ е на намаление. Очигледно поголемиот број на купувачи наседнуваат на овој трик.
За да ја докажат ефикасноста на деветката Андерсон и Симестер побарале од една компанија да ја зголеми цената на еден фустан од 34 на 39 долари и побарувачката за фустанот се зголемила за една третина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma