Пронајдоци кои до 2020 година ќе го сменат човештвото

4 мај, 20110
Marianne_Weems1170090256

Листа на иновации и пронајдоци кои до 2020 година значително ќе го изменат животот на човекот објави на својата интернет страница американското списание “Popular Science“, пишува италијанскиот весник “Corriere Della Sera“.
Првиот и главен новитет ќе биде станица изградена од роботи и за роботи на Месечината. Тој проект ќе биде реализиран од Јапонија.
“Независно од периодот на обновување и реконструкција по земјотресот и цунамито, тој проект веќе е програмиран и нема друга земја во светот, која може да ја доведе до крај таква сложена работа“, рекол Мајк Либхолд од “Institut For The Future“.
Втората по значајност новост е екстремно скапата железничка линија од Пекинг до Лондон, кој ќе минува низ 17 држави и ќе ги соедини Азија и Европа. Исто така, до 2020 година ќе бидат реализирани такви проекти, како на пример автомобили со автопилот и летечки автомобили. Летовите во вселената ќе станат реалност за многу луѓе. Интересно е и тоа што со помош на чипови човечкиот мозок ќе може да управува телевизор, телефон и компјутер, а сите екрани ќе бидат со т.н. OLED технологија. Научници од Лозана сметаат дека во овој период ќе биде создадена и вештачка интелегенција, која ќе може да генерира идеи исто како и човечкиот мозок.
Во декември, лани, американската коорпорацијата IBM ја објави својата годишна прогноза насочена кон развојот на технологијата Next Five IN Five. На списокот, кој го објави “Popular Science“ има и други новитети како на пример мобилен телефон со 3D проекција, сензори способни постојано да собираат информација за животната средина, акумулаторни батерии на полнење од воздухот…, објавува РИА “Новости“, пренесува Нетпрес.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma