Морати одлучи, Михајловиќ тренер на Интер?

17 јуни, 20110
tumblr_l3gm1uNJZZ1qa2hwz

Познато е дека Морати многу го цени Синиша Михајловиќ, кој по завршувањето на фудбалската кариера во Интер, беше помошник на Робето Манчини. По Болоња и Катанија, минатото лето србинот беше во најтесниот круг, Морати беше подготвен да му даде шанса, но падна на убедувањата дека Бенитез ќе биде вистинската замена за Мурињо. Ново лето и шанса да се исправи грешката. Леонардо заминува, се покажа дека е подобар директор него тренер во изминатите две години, се споменува и Бијелса, но Јужноамериканецот не е баш воодушевен од можноста да работи во Италија. Во игра се и Делио Роси и Гаспарини, но како што открива “Кориере дело Спорт”, МОрати одлучи нов тренер на Интер да биде Синиша Михајловиќ. Останува уште Миха да најде заеднички јазик со Фиорентина, кој не му понуди продолжување на договорот. Се чини дека Михајловиќ кој истакна дека клупата на Интер е негова животна желба нема многу да размислува, ова е негова шанса на животот. Морати смета дека Синиша е работник и дека со својот темперамент има сила да го надополни недостатокот на искуство на клуапа на големи клубови. Во секој случај српскиот стратег е пред големо враќање и промоција во Интер.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi