Морков и лосос за подобар вид
14 април, 20110

Очите ни се секојдневно изложени на различни видови на зрачење, кои допринесуваат за оштетување на видот. Одредени видови на храна може да го спречат зголемувањето на диоптријата како и да го зачуваат здравјето на нашите очи.
Морковот е богат со витамин А. Благодарение на овој витамин, морковот не штити од ноќно слепило и ги зајакнува мускулите на окото. Слични ефекти дава и внесувањето на портокали и дињи во нашиот организам.
Лососот изобилува со омега-3 масни киселини кои помагаат за подобро функционирање на ретината на нашето око. Се препорачува да се јаде и пастрмка и харинга.