Мозокот може да го предвиди идниот музички хит?

16 јуни, 20110
muzika

Мозочните реакции кај адолесцентите при слушањето нови песни би можеле да овозможат во одредена мера да го предвидат идниот хит, покажале резултатите од американското истражување, објавено во најновото издание на JCP (Journal of Consumer Psychology).

Научниците стигнале до овој резултат така што преку магнетна резонанца ги следеле невролошките реакции на адолесцентите на кои им се пуштале релативно непознати песни, од релативно непознати пејачи, пренесува француската новинска агенција AFP.

Учесниците морале да ја оценуваат секоја од песните од скала од еден до пет.

Овие податоци се првично собрани за да се испита влијанието на групниот притисок врз мислењето н а долесцентите, но три години подцна по завршувањето на истражувањето се покажало дека една од песните која била вклучена во истражувањето станала победник на “Американскиот идол“. Потоа, со компаративна анализа на резултатите од истражувањето се покажало дека прибраните податоци се статистички значајни во предвидувањето на популарноста на разни песни.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi