МЗТ Скопје и дефинитивно не е дел од НЛБ лигата

8 јуни, 20110
nlb_liga_715736154

На состанокот на бордот на НЛБ лигата, објавени се сите детали околу изгледот на ова натпреварување за следната сезона. Покрај Макаби, за кој и претходно беше најавено дека добива вајлд-карта за сезоната 2011-2012, шанса да бидат дел од „Јадранската Лига“ следната сезона ќе имаат и Цибона (како трет претставник од Хрватска) и ФМП Железник (четврт клуб од србија). Овие две екипи, своето учество треба да го заверат со уплата од 150.000 евра, колку што е цената на вајлд-картата. Веројатно ниту за Цибона, ниту пак за ФМП нема да бидат проблем овие средства, со оглед на значењето на ова натпреварување во стратегијата на двата клуба. Со тоа отпаѓаат најавите дека македонскиот кошаркарски клуб МЗТ Скопје со вајлд карта може да стане дел од ова натпреварување.

Инаку, и следната сезона ќе се игра во формат со 14 екипи, со 26 кола и Фајнал Фор, чиј домаќин ќе биде Тел Авив (Макаби). Започнува на 8 октомври, а крајот на лигашкиот дел ќе биде на 17 март. Фајнал Форот во Тел Авив ќе се одржи или на 7/8 април или на 21/22 април.

Партизан ќе ја бранититулата во 2012.
Учесници:

Словенија
Унион Олимпија Љубљана
Крка Ново Место
Хелиос Домжале
Златорог Марибор
Србија
Партизан Белград
Хемофарм Вршац
Раднички Крагуевац
Хрватска
Загреб Кроација Осигурување
Цедевита Загреб
БиХ
Широки Бријег
Црна Гора
Будуќност Подгорица
Вајлд Карти
Макаби Тел Авив (Израел)
ФМП Железник (Србија)
Цибона Загреб (Хрватска).

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi