На комшииве пак нешто им смета. Сега ќе ставале бодликава ограда према Турција

6 август, 20110
0b5331cdfc1c67a12ec1c67c72c8_grande

Грција ќе подигне ограда од бодликава жица во должина од 10 километри на границата со Турција. Со тоа сакале да спречат влегувањето на илегални имигранти од Турција, соопштило Министерството за заштита на граѓаните.
Оградата за која се дискутирало изминативе месеци во Грција, ќе биде изградена со помош од 5,5 милиони евра од фондовите на Европската унија, изјавило министерството.
Грција планира да изгради две паралелни огради од бодликава жица во должина од 10,3 километри и висина на оградата од 2,5 метри, стои во изјавата.
Оградата ќе биде поставена во близина на граничниот премин Кастаниес, кој е најпрометен граничен премини меѓу двете земји.
Грчко-турската граница е долга 150 километри, и таа стана главна област која најчесто се користи од страна на имигрантите кои сакаат илегално да преминат во ЕУ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *