На продажба снимката од убиството на Кенеди, цената е 500.000 долари!

16 ноември, 20110
115384

Филаделфија – одамна изгубената снимка од убиството на американскиот претседател Џон Ф. Кенеди, заедно со 30 минутниот дополнителен материјал кој инаку го нема во официјалната верзија која се чува во архивите на американската влада, ставена е на продажба.

Двочасовната снимка, направена пред кратката верзија која досега се сметаше за единствена што постои се продава за 500.000 долари, а ја нуди куќата “Raab Collection” од Филаделфија која се бави со продажба на историски документи.

Снимката припаѓала на генералот Честер „Тед“ Клифтон, помошник на Кенеди кој се наоѓал на мотор во поворката која го следела Кенеди во Далас 1968, кога тој беше убиен.

Клифтон починал во 1991 година, а снимката била продадена на куќата “Raab Collection” по неговата смрт, од страна на неговата сопруга во 2009 година.

httpv://www.youtube.com/watch?v=Sz4KUT9Rgl8

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi