На семејството Ѓоковиќ им бил забранет влез во Хрватска

13 јуни, 20110
1tumblr_lhcwo7XAOf1qdows1o1_500
На семејството на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ им бил забранет влез со јахта во Дубровник, на граничниот премин чекале 3,5 часа.
Хрватската полиција, вчера рано наутро не дозволила влез во Дубровник на јахтата “Дијана“ во сопственост на семејството на најдобриот српски тенисер, Новак Ѓоковиќ, иако пристанишната капетанија во тој град претходно одобрила влез.
“Многу сме разочарани. Без оглед на тоа што цело време знаеја за кого станува збор, без причина не’ држеа три и пол часа на граничниот премин, иако не прекршивме ниту еден закон. Не’ пуштија дури кога плативме казна, но тогаш веќе немавме волја за заминување во Дубровник и се вративме во Тиват“, изјавил за “Танјуг“ Срџан Ѓоковиќ, татко му на српскиот тенисер.
На јахтата, освен Срџан биле и неговата сопруга Дијана, синовите Марко и Џорџе, како и членови на екипажот.
“Три и пол часа не можевме да мрднеме, дури и на кучето кое беше со нас не му дозволија да оди во тоалет“, објаснил Срџан.
До проблеми на границата дошло од прилично нејасни причини откако капетанот на бродот “Дијана“, Иван Жегур пред испловувањето од “Порто Монтенегро“ од Тиват ја контактирал пристанишната капетанија во Дубровник и добил сертификат за влез во градот  “доколку не оди под островот и не влегува во територијалните води на Хрватска повеќе од 12 милји, колку што е дозволено со законот“.
“Токму тоа и го направивме, меѓутоа на граничниот премин во Дубровник ни кажаа дека полицијата не дозволува влез затоа што сме ги повредиле територијалните води на Хрватска. Ни кажаа дека мора да платиме казна од илјада куни. Не е проблемот во казната, туку во тоа што полицајците беа многу непријатни“, појаснил Жегур.
“Танјуг“ контактирал со капетанот Ведран Цвјетковиќ од пристанишната капетанија во Дубровник, кој според Жегур, го одобрил влезот во Хрватска.
“Жал ми е заради ова што се случи оти испадна како да го измамив својот колега. Останувам на ставот дека јахтата “Дијана“ ниту во еден момент не го прекрши законот“.
Извор: Нетпрес

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - Superbetin -

Sağlıktan Haber