Kate Moss од својата венчавка сака да направи тродневен фестивал на кој ќе настапат многу познати музички имиња. Освен Snoop Dogg, на свадбената церемонија ќе запејат и Rolling Stones, Led Zeppelin и Beth Ditto.
На тродневната забава гостите ќе ги забавува и DJ Kevin O’Leary кој бил и на свадбите на Madonna, Beckham, Gwen Stefani и Kevin Rossdale.
Извор близок на Kate за магазинот The Sun изјавил дека таа нема да штеди на храната и музиката, но највеќе пари ќе бидат потрошени на пиењето.