Нацистите ги учеле своите кучиња да читаат и зборуваат

26 мај, 20110
image-13-for-editorial-pics-25-may-2011-gallery-715934551

Нацистите за време на Втората светска војна ги учеле своите кучиња да читаат и зборуваат. На овој начин тие се обиделе да изградат застрашувачка армија “кучиња што зборуваат“, се наведува во најновите истражувања.

Нацистичкиот лидер Адолф Хитлер се надевал дека кучињата ќе научат да зборуваат, па така ќе комуницираат со своите офицери, дури оформил и посебно училиште за нив.

“Образованите кучиња“, биле регрутирани низ Германија, а нацистичките функционери ги учеле да зборуваат и да даваат сигнали со шепите. Едно од кучињата научило да го изговара зборот “Mein Fuhrer“, кој го повторувал секогаш кога ќе прашаат каде е Адолф Хитлер. Друго научило да “зборува” покажувајќи, односно со тапкање на буквите од азбуката.

Германците се надевале дека кучињата ќе им помогнат во војната и дека ќе работат заедно со офицерите и ќе ги чуваат концентрираните логори.

Овој експеримент е откриен после долгогодишно истражување на академецот Др.Јан Бондерсон, кој се занимавал со неверојатни и уникатни кучиња во историјата. Др.Бондерсон од Универзитетот  во Кардиф, го посетил Берлин со цел да најде дополнителни материјали за нацистичките идеи за својата книга Неверојатни кучиња. “Дваесет години во Германија живееле ‘психолози за животни‘ кои верувале дека кучињата се интелегентни како луѓето, способни да размислуваат и комуницираат“, изјавил Др.Бондерсон.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi