Наградата од 50 милиони долари за главата на Осама нема да биде исплатена

10 мај, 20110
u
Наградата од 50 милиони американски долари, распишана за информации за Осама бин Ладен, нема да биде исплатена никому, објави портпаролот на Белата куќа, Џеј Карни.
“Колку што ми е познато, ниту едно доброинформирано лице не ни’ кажа: Осама бин Ладен е таму, во Аботабад, Грин Авенија 5730“, рекол Карни.
Наградата требаше да биде исплатена на оној кој со точна информација ќе ги насочи американските власти кон лидерот на терористичката мрежа Ал Каеда.
Првично САД распиша награда од 25 милиони долари за главата на бин Ладен, веднаш по терористичките напади на 11 септември 2001 година, во кои загинаа околу 3.000 лица во Њујорк, Вашингтон и во Пенсилванија. Потоа во 2004 година, американскиот Конгрес донесе закон, со кој го ополномошти државниот секретар на САД да распише награда од 50 милиони долари за оној, кој ќе даде корисни сведоштва и информации за фаќањето на бин Ладен.
Сега, двајца конгресмени од Њујорк настојуваат 50-те милиони долари награда да бидат дадени на организации, кои им даваат услуги и помош на семејствата на жртвите од нападите на 11 септември 2001 година, како и на учесниците во спасувачките акции, по терористичките напади.
Извор: Нетпрес

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi