Путин ја донесе F1 во Русија

10 мај, 20110
putin-maskedup

Рускиот премиер во Неделата седнал во Ф1 болид и достигнал брзина од 150 км / ч.
Путин минатиот месец потпишал договор со Ф1 шефот Берни Еклстоун, за настап на Формула 1 трките во Русија негде почеток на 2014 година, а неговото тест-возење во Неделата може да ја подигне популарноста на овој спорт во Русија.
Знаеме дека Путун е човек од акција и не му беше никаков проблем да седне во Ф1 болидот, знаејќи дека леташе со авион во Чеченија, прикажа некои од неговите џудо вештини, дури помогна и во гасењето на пожарите во Русија.

По добивањето на инструкциите од Ф1 тимот, Путин облекол заштитно одело кое го користат Ф1 возачите и седнал во жолт болид спремен специјално за него. Путин потоа возел неколку круга во близина на Санкт Петерсбург и во еден момент изгубил контрола над болидот, но снаодливиот Путин одма го стабилизирал болидот.


Кога завршил со возењето и кога му ја кажале максималната брзина, Путин на англиски одговорил: “For the first time, it’s good.”


Првата Ф1 трка во Русија ќе се одржи во 2014 во близина на Црноморското одморалиште Сочи, кое истата година е домаќин на “Зимските олимписки игри”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *