На фудбалските терени сме виделе многу брутални прекршоци, но вакво нешто мислам дека никогаш не сме виделе. Видеото доаѓа од Тајландксата Премиер лига каде се одиграл натпреварот помеѓу фудбалските клубови Сијам и Чианграи Јунајтед. На натпреварот се случил прекршок кој со сигурност можеме да кажеме дека е најбрутален прекршок снимен со камера во историјата на фудбалот.
http://www.youtube.com/watch?v=3Nf89K_GP2w&feature=player_detailpage#t=0s
Се започнало кога бразилскиот фудбалер Едвалд, лежејќи на тревникот, го закачил со ногата голманот на Сијам. Голманот веднаш изреагирал и со сета сила брутално го удрил бразилецот по градите.
За среќа, бразилскиот фудбалер не бил тешко повреден, и заработил жолт картон, додека голманот на Сијам морал да ја напушти играта.