Најдобрите актери на сите времиња I дел

5 јули, 20110
naslovna

Холивуд е центар на една од најпрофитните индустрии во светот, гламурозната филмска индустрија. Градот, славен колку неговите познати жители, е вистински космополитски центар, каде живеат и работат луѓе од сите страни на светот. Иако во денешно време, холивудската актерска фела ја сочинуват луѓе од различни земји, во чест на 4ти јули, Денот на независноста на Америка, во оваа статија решивме да ви ги прикажеме најславните актери кои се родени во Америка.

Buster Keaton

1. Бастер Китон: Китон, кој почина во 1966 на 71 годишна возраст, беше познат актер, како и режисер и продуцент. Неговите улоги во комедиите му го донесоа прекарот „Големото камено лице“. Неговата најпозната комедија е „Генералот“, за кој многумина сметаат дека е еден од најдобрите филмови на сите времиња.

Humphrey Bogart

2. Хемфри Богард: Како легендарна холивудска икона, Богарт многупати бил прогласуван за најдобар холивудски актер. Неговиот најпознат филм е „Казабланка“, но во својата 30-годишна кариера тој зад себе оставил 75 филкмски хитови. Богарт починал во 1957 година, на 58 годишна возраст.

Marlon Brando

3. Марлон Брандо: Во својата богата кариера, која траеше повеќе од половина век, Брандо најверојатно најголема слава достигна по неговата улога како Вито Корлеоне во култниот филм „Кум“ на Френсис Форд Копола. Покрај филмската кариера, тој бил и активист кој се залагал за правата на афро-американците и индијанците. Брандо почина во 2004 година, на 80 годишна возраст.

Robert De Niro

4. Роберт Де Ниро: Овој актер, роден во срцето на Америка, Њујорк, се прослави со многу улоги во култните филмови како „Кум 2“, „Будење“, „Таксист“, „Анализирај го ова“, „Запознај ги родителите“, и многу други. Подеднакво добар во улогите на комичар и на гангстер, на својата 67 годишна возраст, Де Ниро важи за еден од најдобрите актери на сите времиња.

Clint Eastwood

5. Клинт Иствуд: Иствуд, на својата 81 годишна возраст, зад себе има оставено неверојатна кариера. Покрај тоа што е познат актер, тој е признат режисер, сценарист, продуцент, композитор, па дури и политичар. Во својата кариера, која трае повеќе од 60 години, Иствуд бил дел од многу холивудски филмови, но во моментот најдобро го паметиме неговиот Оскар за најдобар филм за „Девојката од милион долари“.

Sean Penn

6. Шон Пен: Овој холивудски актер, роден во 1960 година, се прослави со повеќе холивудски улоги, но многумина сметаат дека негова најдобра улога е онаа на татко со ментална попреченост во филмот „Јас сум Сем“. Покрај актерската кариера, Пен е познат и признат режисер и продуцент, а зад себе има неколку Оскари, Златни Палми и многу други награди. Тој работи и како активист, а особено се залагаше за помош на настраданите од ураганот Катрина и од земјотресот во Хаити.

Dustin Hoffman

7. Дастин Хофман: Овој холивудски актер зад себе има богата филмска, телевизиска и театарска кариера. Тој е роден во 1937 година, а глумел во многу филмови како „Полноќен каубој“, „Малиот голем човек“, „Лени“, „Сите луѓе на претседателот“, „Запознајте ги Фокерови“ и други. Хофман е добитник на многу нагади, меѓу кои два Оскари, пет Златни Глобуси, Еми награда, неколку БАФТА награди и многу други.

Jimmy Stewart

8. Џими Стјуард: Како и многу холивудски ѕвезди, овој актер се прослави во многу улоги, за кои освои многу филмски награди, а најпрепознатлив беше по неговиот длабок глас. Покрај тоа што бил истакнат актер, тој има и истакната војничка кариера во Првата светска војна. Стјуард глумел во многу филмови, меѓу кои и „Вертиго“, „Човекот кој знаеше многу“, „Приказната од Филаделфија“ и други, Тој почина во 1997, на 89 годишна возраст.

John Wayne

9. Џон Вејн: овој холивудски актер е најпрепознатлив по неговите улоги во вестерн филмовите. Со својот длабок глас, тој беше ѕвезда во филмовите „Будењето на црвената вештерка“, „Седум мажи засега“, „Каубои“ и многу други. Вејн почина во 1979 година, на 72 годишна возраст.

Gregory Peck

10. Грегори Пек: Овој актер, кој се прослави со својата улога „To kill a mockingbird“, во 1999 година беше прогласен за еден од надобрите актери на сите времиња според Американскиот Филмски Институт. Освен актерската кариера, Пек бил и политички активен како подржувач на Демократската партија. Тој починал во 2003 година, на 87 годишна возраст.

Tom Hanks

11. Том Хенкс: Оваа холивудска мега ѕвезда е родена во 1956 година, а освен актерската кариера, Том Хенкс е познат и како продуцент, сценарист и режисер. Неговата најпозната улога е онаа во блокбастерот „Форест Гамп“, но тој зад себе има оставено преку 30 филмови, меѓу кои и познатите филмови „Кодот на ДаВинчи“ и „Ангели и демони“.

Al Pacino

12. Ал Пачино: Најпознат по своите улоги во мафијашките филмови, Ал Пачино се прослави со улогата на Мајкл Корлеоне во култниот филм „Кум“, но негова најпрепознатлива улога е онаа на Тони Монтана во „Скарфејс“. Пачино, кој е роден во Њујорк во 1940, покрај филмските улоги, работи како театарски уметни и режисер, а интересен е фактот дека иако има три деца, Пачино никогаш не се оженил.

Gary Cooper

13. Гери Купер: Со својата богата кариера од повеќе од 100 филмови, Купер навистина е еден од холивудските легендарни актери. Тој има освоено два Оскари, како и Оскар за животно дело. Купер глумел во филмовите „За кого бијат камбаните“, „Вера Круз“, „Запознајте го Јон До“, и многу други. Купер починал во 1961, на 60 годишна возраст.

Robert Duvall

14. Роберт Дувал: Овој познат актер и режисер, кој има освоено Оскар, две Еми награди и четири Златни глобуси, зад себе има оставено многу филмови како: „Големиот Сантини“, „Капетан Њуман“, „Кум“, „Апокалипса сега“ и многу други. Дувал, и покрај неговата 80 годишна возраст, сеуште е активен во својата кариера.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *