Свекрвите почеста причина за развод од љубовниците

5 јули, 20110
svekrva3

Просечната жена побрзо би се развела поради свекрвата отколку поради љубовницата, а искуствата на психолозите и социјалните работници кои се вклучени во бракоразводните процеси говорат дека присуството на две семејства во еден дом значајно ги зголемува шансите за бајката “си живееја среќно до крајот на животот“ да заврши во бракоразводна судница. Економската криза, која во последните две децении влијае на младите брачни парови да мораат да го свијат своето семејно гнездо во една од собите во домот на родителите и да живеат во заедница, е една од најголемите причини за разводите во нашата земја.

Социјалните работници потврдуваат дека партнерите најчесто се разведуваат во првите години од бракот, што и не треба да не зачудува ако земеме во предвид дека бременоста е многу чест “кум“ на венчавките на брачните парови. Тие ги слушаат брачните завети во целосна хормонална и емоционална конфузија, а од моментот кога тестот за бременост ќе покаже позитивен резултат, подготовките се со полна пареа – веридба, венчавка, преселба или евентуална адаптација на постоечкиот станбен простор. Со оглед на тоа дека еден од сопружниците е во блажена состојба, а другиот обично е без постојана работа, тие се принудени да живеат во заедница, во која правилата на игра се градени со децении, почнувајќи од тоа кога се гледа телевизија, кога е време за посета, па до што ќе се готви. Освен тоа, младиот пар е принуден преку ноќ да се привикнува на многу нови улоги: сопружници, зет и снаа, домаќин и домаќинка, мајка и татко.

Првата година од бракот е најтурбулентна, посебно ако истата означува и доаѓање на бебе, бидејќи родителството е синоним за големо задоволство, но и голема одговорност и заедничко решавање на многу проблеми. Меѓутоа, многу млади луѓе денес се воспитуваат во дух на индивидуализам и егоцентризам и во брачните води се испраќаат со зборовите “ако не ти се допаѓа, врати се дома“. Оваа квази поддршка која ја добиваат од своите родители доведува до “фаќање за кваката“ при првото брачно несогласување.

На прашањето дали неверството е честа причина за развод, социолозите одговараат дека многу мал број жени бараат развод кога во бракот ќе им се вмеша “трета личност“, бидејќи се водат според културолошкиот стереотип кој гласи “остави го, ќе му помине“. Многу често се случува да се заборави епизодата со љубовницата, најмногу поради материјалната зависност од мажот.

Се поголем е бројот на жени кои бараат развод поради насилство во семејството и алкохолизам на сопругот, а причината за ова е се почестото зборување за овој феномен во медиумите, па многу жени имаат достапни информации каде можат да ги пријават насилниците и во која институција да побараат решение на својот семеен проблем.

Тие што почесто влегуваат во адвокатските канцеларии со идеја да излезат од таму без бурма се жените. Тие се раководат со помислата “ги изведов децата на прав пат, жртвував голем дел од животот посветувајќи се на семејството, сега јас имам право да уживам во остатокот од животот.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi