Најдолг период во кома
24 септември, 20110

Најдолгото време што некој бил во кома изнесува цели 37 години и 111 денови. Се работи за Американката Елејн Еспосито која никогаш повеќе не се освестила откако на шест години била подложена на операција наречена апендектомија или на попрост начин кажано, вадење на слепото црево од телото.
Навидум едноставната и безопасна операција била изведена на 6-ти август 1941 година, а жената починала дури на 25-ти ноември 1978 година, на возраст од 44 години.