Најстарата бодибилдерка во светот има 74 години

31 мај, 20110
74oldbodyb

Ернестин Шепард 74 годишна жена од Балтимор е најстарата бодибилдерка во светот. Комисијата на Гинисовата книга на рекорди и го предаде сертификатот како потврда дека таа е најстарата активна бодибилдерка, пренесува DailyMail.

Дневното темпо на оваа жена не е воопшто лесно. Секое утро таа станува во три част и посветува некое време на медитација. По медитацијата оди на трчање, а пред ручекот трча по најмалку 16 километри.

Големо внимание Ернестин посветува и на исхраната и јаде само темен ориз, пилешко и зеленчук, а три пати на ден пие живо јајце.

Досега таа има истрчано девет маратона и два пати победила на бодибилдерско натпреварување. Секој ќе помисли дека оваа бабичка тренира цел живот, но всушност таа тоа го прави последните 18 години, поточно од својата 56 година.

Нејзин идол е Силвестер Сталоне, а мелодијата која и свири на мобилниот е од филмот “Роки“.

http://www.youtube.com/watch?v=zLBY8ulsmSQ&feature=player_embedded

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *