Најстариот телевизиски сет кој е во функција, се очекува да биде продаден за 5000 фунти

5 април, 20110
tv_1863519c

Најстариот британски телевизиски сет кој се уште е во функција, кој е произведен од страна на Маркони во 1936 година, се очекува да се продаде за повеќе од 5000 фунти на една аукција. Уредот бил купен за скоро 100 фунти, три недели откако започнале телевизиските преноси. Но, господинот GB Davis, од Dulwich, југо-источен Лондон, можел да гледа и следи пренос на уредот само по неколку часа. Кристал Палас и нивниот трансмитер изгореле само три дена откако господинот Davis го купил Маркони тип 702 сетот, на 26 ноевмри. Оваа област неможела да следи пренос и добива слики до 1946 година. 75 години стариот телевизиски сет, доаѓа со 12 инчен екран и се наоѓа во кутија од ореово дрво и махагон, а во случајот сликата се рефлектира од огледалото кога ке се отвори од врвот.  Овој телевизиски сет имал само два сопственика до сега. Само 30 проценти од компонентите од овој сет се заманети, остатокот се идентични од купувањето и функционираат совршено. Проценката е 5000 фунти и е почетна цена, но експертите веруваат дека ќе достигне многу повеќе.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi