НАСА со ласер ќе го уништува ѓубрето во вселената

Орбитата на Земјата е полна со остатоци од вселената и претставуваат закана за да го уништи комуникацискиот сателит. Со таа цел НАСА ќе направи ласер со кој ќе ги уништи сите отпадоци. За научниците оваа мисија не е невозможна.
Во моментов во ниската орбита има околу 20.000 парчиња лебдечки отпадоци, а повеќето од нив се остатоци од леталата и остатоци од претходни судири. Со овој ласер ќе се пресече купот ѓубре кое лебди околу Земјата. Ласерот кој ќе се користи е сличен како оној кој се користи во автомобилската индустрија за заварување, само многу посилен. На тој начин ќе се спречи судирот на отпадоците со комуникациските сателити, а и штетата која може да биде предизвикана. Меѓународната вселенска станица е најголемиот вештачки сателит во орбитатата.