Наскоро нова песна од Ејми! Последната песна отпеана во студио!

4 август, 20110
amy_winehouse_23

Многу наскоро ќе може да ја слушнеме последната песна која Ејми ја снимаше во студио. Станува збор за песната “Body and Souls” која е дует со Тони Бенет.

Поточно, дуетот ќе биде премиерно објавен на 20-ти септември, и тоа на компилацијата “Duets II” на Бенет.

Тој изјавил дека сеуште не може да се помири со фактот дека Ејми починала. Не можев да престанам да плачам кога ја слушнав трагичната вест. Таа беше премногу мила личност. Ја советував да успори со темпото, бидејќи знам низ што минуваше и јас минував низ истиот пекол од зависнот, но не успеав да и помогнам, изјавил Бенет.

Паричните средства кои ќе се соберат од продажбата на оваа компилација ќе бидат донирани во фондацијата која ја основаше таткото на Ејми, Мич Вајнхаус, која е основана со цел да им помогне на младите луѓе кои ја имаат тешката битка со зависноста.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit