Наскоро спас за сите тинејџери! Вакцина против акни!!!

14 ноември, 20110
VARIOUS

Научниците од Универзитетот на Калифорнија во соработка со најголемата компанија за вакцини во светот, Санофи Пастер работат на создавање на вацини кои треба да им помогнат на милиони тинејџери и млади луѓе од целиот свет во вечната борба против акните.

Оваа вакцина, за разлика од другите лекови против акни, нема да биде насочени кон борбата против бактериите кои предизвикуваат акни, туку кон неутрализирање на протеинот кој влијае врз формирањето на акните. Всушност, акните и мозолчињата се појавуваат кога жлездите во кожата произведуваат вишок на себум кој го блокира порите.

Според истражувањата, 8 од 10 тинејџери страдаат од акни и мозолчиња, а се проценува дека годишната потрошувачка на лекови против акни е проценета на околу 2,5 милијарди долари. Сепак, и покрај огромниот број на козметички препарати и лекови кои се достапни на пазарот, кај многу луѓе акните оставаат трајни последици.

Иако вакцините најчесто се користат за превенција на болеста, оваа вакцина ќе се користи и како третман за акни, иако е сеуште рано за да се објават деталите околу нејзиното делување.

Дерматолог д-р Сузана Барон, која работи како консултант во болницата БМИ во Катербери вели дека новата вакцина значително ќе го промени животот на тинејџерите, бидејќи директно влијае врз воспалителниот процес на кожата.

Иако првичните резултати покажуваат огромен успех на новата вакција, сепак таа нема да биде пуштена во употреба барем во наредните пет години, бидејќи сеуште се наоѓа во фаза на тестирање. Но, подобро подоцна отколку никогаш, нели???

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Korsan taksi - betasus giriş