Не чуле за грабеж на банка!? Елајте на Балконот и ќе ви стане јасно :)

19 август, 20110
aitutaki_total_625_google_1882011

На островот Аутитаки се случило нешто што никој од 1800-те жители, ниту пак полицијата, не очекувале. Имено, за прв пат во историјата на овој австралиски остров се случила кражба на банка, а притоа биле украдени 164.000 долари.

Шефот на полицијата не сакал да коментира ништо во врска со безбедноста на банката. Банката, инаку, била заклучена само со еден катанец на влезната врата, и се смета дека најверојатно се работи за некој турист-крадец, а не за жител на островот. „ Банката ни е за прв пат ограбена; овде секој се знае со секого, па сигурен сум дека тоа е масло на некој турист“, изјавил тој.

Парите се украдени претходната недела, а оттогаш другите две банки на островот го зголемиле нивото на безбедност на објектите. Жителите на островот се многу религиозни; овој остров кој е дел од островите кои го добиле името по Капетан Кук е еден од првите кој го прифатил христијанството како религија. На 18 квадратни километри, на колку што се протега овој остров има дури 20 различни цркви, а во недела никој не работи, па тогаш ниеден турист не може ни да дојде, ниту пак, да си отиде од островот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma