Неандерталците ископале тунел од Шкотска до Турција:) Кртови беа – нема шанси:))

7 август, 20110
163573214

Луѓето од каменото време ни оставиле во наследство еден фасцинантен подземен свет кој се состои од тунели долги илјадници километри. Се претпоставува дека овие тунели се изградена пред околу 12.000 години. Тие се протегаат од северниот дел на Европа па се до Медитеранот. Докази за тоа наводно има германскиот археолог Хајнрих Куш, кој ги пронашол под неолитските населби низ целиот континент. По неколку години на истражување, заклучоците од неговата работа ги објавил во книгата “Secrets Of The Underground Door To An Ancient World.”

Во германската провинција Баварија, откривме мрежа од тунели долги 700 метри, исто пронајдовме и во Австрија, каде мрежата е долга околу 350 метри. Преку цела Европа се протегале илјадници тунели, од Шкотска па се до Медитеранот, поточно до Турција. Се уште ги немаме поврзано, но со сигурност формираат една фасцинантна мрежа од тунели, напишал во својата книга Куш.

Тунелите како што вели Кош биле со ширина од околу 70 сантиметри, а висината била доволна за да може низ нив да се провлече човек. Ѕидовите биле полни со вдлабнатини, каде наводно се чувала стоката или служеле како места за одмор.

Научната заедница веднаш реагирала на контроверзната книга. Тие сметаат дека врз основа на неколку стотина метри ископувањата не може да се заклучи дека станува збор за мрежа од илјадници километри, а особено затоа што досега ископаните тунели се уште не се поврзани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi