Негувани нокти за совршен изглед

24 декември, 20110
Nails with flower

Трендовите постојано се менуваат, но негуваните, цврсти и уредни нокти секогаш се во мода. Освен што прилегаат на секоја комбинација, тие се и одличен моден додаток, затоа што со негувани нокти убавината на рацете е нагласена и прстени или друг накит

Без разлика за каков лак се работи, најважно од се е вашите нокти секогаш да бидат средени. Секогаш треба да ја средите и кожата околу ноктите, меѓутоа внимавајте што и како сечете, бидејќи може да предизвика инфекција.

Најдобро е да ги сечете кутикулите со посебни ножички за сечење на со тенок врв, со кои ќе имате поголема прегледност. По сечењето следи стружење со турпија, и тоа во зависност од квалитетот и цврстината на ноктите. За оние со меки и лесно кршливи нокти се препорачува мека, а метална турпија се препорачува за оние со цврсти и отпорни нокти.

Меката турпија измијте ја пред секое маникирање за да се спречи размножувањето и ширењето на бактерии. Металните не мора  да се мијат толку често. Турпијата за полирање на ноктите пак, треба да биде што помека за да не се оштети чувствителната површина на ноктите.

Кремата за раце која содржи витамин Е е идеална за нега на ноктите и кожичките околу нив. Таа продира длабоко во кожата и ги зацврстува и спречува “листање“ на ноктите. Затоа, секогаш по маникирот намачкајте ги рацете со ваква крема.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma