Нема да биде исплатена наградата од 10 милиони евра за Ратко Младиќ

27 мај, 20110
www.reuters.com
Награда од 10 милиони евра, која Србија ја распиша за информација која ќе доведе до апсење на најбараниот хашки бегалец, Ратко Младиќ, нема да биде исплатена никому, изјавил српскиот министер Расим Љајиќ.
Според него, парите ќе останат во државниот буџет бидејќи операцијата за апсење не била изведена по нечија дојава, туку била резултат на оперативна работа на посебен тим за истраги. Освен овие 10 милиони евра, исто така нема да бидат исплатени ниту 5-те милиони евра награда кои ги даваше САД за главата на Младиќ.
Ратко Младиќ обвинет за воени злосотрства и геноцид во војната во Босна и Херцеговина во текот на 90-те години од минатиот век, беше во бегство од органите на прогонот цели 15 години, 10 месеци и еден ден. Љајиќ во изјава за новинарите открил дека Младиќ бил вооружен со два пиштоли за време на апсењето, но не се обидел да ги употреби. Според него, по приведувањето, Младиќ разговарал со оперативците на БИА.
“Се потврди она во што се сомневавме, дека Младиќ се крие кај роднини. Трагата, која посебниот тим ја следеше, беше валидна. Имаше дојава дека Младиќ е виден во син ’голф’, во едно село кај градот Зрењанин. Го истраживме тоа, но не можевме да најдеме никаква трага“, рекол српскиот министер.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi