
Продавниците во Њујорк одбиваат да продаваат миленичиња на пијани купувачи. Продавниците за миленичиња во Вест Вилиџ во Њујорк открија непосакуван проблем во држењето на продавница во област полна со пијани луѓе кои купуваат миленичиња. Миленичињата на излозите изгледа се премногу „слатки“ за бидат одминати од поднапиените луѓе. Барем две такви продавници одбија да им продаваат на поднапиените муштерии за доброто на кученцата. „Мораме да им кажеме да се вратат следниот ден и најчесто се случува тие никогаш да не се вратат.“ кажува сопственикот.