Непопуларноста на нуклеарките создава светски монопол за “Гаспром“

1 јуни, 20110
gazprom
Откажувањата на развиените земји од нуклеарната енергетика е чекор кој е добредојден за рускиот монопол “Гаспром“, пишува весникот “Независимаја газета“, пренесува Нетпрес.
Досега, не само Германија се откажа од атомските електрани. Швајцарија одлучи да не гради нови нуклеарки и планира до 2034 година да ги затвори петте кои работат. Италија, која на нуклеарната енергија и го сврте грбот уште во минатиот век по катастрофата во Чернобил, стави крај на дискусиите за евентуално враќање во игра на атомските централи.
Во меѓувреме, во Москва престојуваше германскиот вицеканцелар и министер за економија Филип Рослер, за да најде пат до нови енергетски извори, кои ќе го компензираат затворањето на нуклеарките. Моментно Русија покрива 32 отсто од потребите од гас на Германците. Москва смета на голема корист од ситуацијата и е подготвена да ги зголеми доставките на гас за Европа. Од друга страна, пак, тоа може да биде удар врз домашните корисници.
Уште пред антинуклеарната одлука на Берлин, руската влада планираше зголемување на извозот за 22 отсто, покачување на цената за домашните корисници за 79 отсто, и намалување на домашните потреби од гас за еден отсто годишно. Сега, новите потреби на Европјаните може да ги натераат руските власти кон уште по непопуларни решенија, предупредува весникот. Вчера “Гаспром“ увери дека луѓето во Русија нема да почуствуваат никаков недостиг од гас. Руски експерт, пак, за “Независимаја газета“ рекол дека цените за руските корисници неминовно ќе се зголемуваат, од проста причина што поскапува разработката на нови наоѓалишта.
“Гаспром“ прогнозира дека до 2020 година Европа ќе има потреба од 380 милијарди кубици увоз на гас годишно, а до 2030 година – 440 милијарди. На овој начин рускиот дел од извозот во европските држави ќе порасне од 23 на 32 отсто. Експерти проценуваат дека “најлогична опција“ е разработувањето на руските наоѓалишта да се прави во соработка со странски компании. Освен тоа Русија може да обезбеди дополнителни количества гас, ако делумно се откаже од доставките за Кина, земја со која продолжува да води “многу тешки преговори“ за цената на гасот, пишува “Независимаја газета“.
Можно е “Гаспром“ да одобри за развој баснословна сума од 96,5 милијарди американски долари, ако бордот на директори на својот денешен состанок ја одобри програмата за развој на оваа компанија до 2020 година, пишува РБК “Дејли“. Концернот кој е на врвот на листата на државните руски комапнии, реагира на критиките на претседателот Дмитриј Медведев, кој во јануари, годинава, им упати остри критики на првите уше во компанијата поради нивното “ниско ниво на иновативност“. Огромните финансиски средства му се непоходни на “Гаспром“ за да може во следните 10 години да развива сопствен аеровселенски комплекс и сондажни агрегати-последен збор на технологијата. “Газпром“ не сака официјално да ги коментира параметрите на своите нови планови. РБК “Дејли“, повикувајќи се на свој анонимен извор во Кремљ, објави дека во Русија “ниту една корпорација не презентирала досеха толкава колосална програма“.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi