Ова се некои нови времиња во кои се продаваат брендови на веќе починати музичари. За ова е пример починатиот рапер Notorious B.I.G, чиј бренд е продаден на компанијата Brand Sense Partners, и од сега тие ќе имаат право да го користат неговиот лик и дело за новиот асортиман на производи и маркетинг кампањи.
До сега правото на сопственост на овој бренд го имаа неговата мајка Voletta и сопругата Faith Evans, но правата ги оставија на компанијата која се занимава со другите брендови на покојните Albert Einstein и Steve McQueen.