Нов албум на Red Hot Chili Peppers во август

27 април, 20110
Red Hot Chili Peppers 1

Американскиот рок состав Red Hot Chili Peppers ќе го објави својот нов албум во август оваа година, изјави бубњарот Чад Смит. Смит рекол дека албумот кој се уште нема име ќе биде објавен последната недела од  месец август, пренесува New musical expres.

“Супер ни оди, имаме многу песни, бираме сега кои од нив ќе се најдат на албумот, ќе звучи одлично“, додал тој. Гитаристот Џош Клингхофер го замени минатата година Џон Фрушанти во бендот. “Многу допринесе за бендот, одличен тесктописец е“, кажал смит за новиот гитарист.

Red Hot Chili Pepers во својата кариера добија седум Греми награди, а во светот продадоа повеќе од 69 милиони албуми. Групата која работи од 1984 година има снимено девет студиски албуми, а последниот “Stadium Arcadium” беше објавен во 2006 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit