Јапонската компанија Хонда развила нова верзија на роботот „Асимо“. Тој инаку е најголемиот андроид на светот, физички се нема многу променето, но сега е повече подвижен и поинтелигентен.
Направен е за што подобро да ги имитира човечките движења, па така добил повеќе природност и флексибилност.
Од предходниот модел е 6 килограми полесен, па така добил на брзина и сега може да трча девет километри на час.
Нови перформанси се внесени и во неговите раце и нозе. Тој сега може да препознава гласови и лица на некои луѓе.
httpv://www.youtube.com/watch?v=eU93VmFyZbg