Утрово е регистриран нов земјотрес во западниот дел на Македонија, а бил почувствуван и во Скопје. Земјотресот бил со јачина од 4, 2 степени според Рихтеривата скала. Епицентарот бил на 59 километри југозападно од Скопје, на 14 километри северно од Гостивар. Официјалното време на земјотресот е 10.45 часот.
Длабочината на потресот е 12 километри и ова е веќе втор забележлив земјотрес за само неколку дена во околината на Скопје. За евентуални штети, сè уште нема никакви информации.
Извор: Нетпрес