
Еден новинар од западните медиуми е убиен, а друг сериозно ранет во либискиот град Мисрата, јави CNN повикувајќи се на сведочење на новинари од овој град.
Имињата на загинатиот и повредениот не се објавени бидејќи нивните семејства сеуште не се известени за трагичниот настан.
Комитетот за заштита на новинарите докуметираше повеќе од 80 напади на медиумски претставници од политичките немири во Либија.