Новиот Спајдермен, полу-црнец, полу-хиспано!

5 август, 20110
novspajdermen

Американската издавачка куќа на стрипови „Марвел комикс“ обелоденила дека новиот човек-пајак ќе биде полу-црнец, полу-хиспано

Новиот лик е тинејџер и се вика Мајлс Моралес (Miles Morales), а кој ќе го замени Питер Паркер (Peter Parker) – кој загинува во борба со својот најлут непријател Зелениот Голин, пренесува Би-би-си (BBC).

Моралес, како и Паркер, живее во Њујорк, во Бруклин со родителите кои припаѓаат на работничката класа. Претходниот Човек-пајак, Паркер, беше белец кој го имаат пораснато неговите чичко и стрина и живееше во Квинс.

Од „Марвел“ препорачуваат дека идејата била да се истакне дека во 21-виот век Соединетите Држави се мултинационална средина во која нема расизам.

Главниот уредник на „Марвел комикс“ Аксел Алонсо (Axel Alonso), чија мајка е од Англија, а татко Мексиканец, има изјавено дека плачел кога Барак Обама (Barack Obama) бил избран за претседател на САД – па верува дека и новиот Човек-пајак, Моралес, кога ќе ја симне маската сигурно ќе допре до срцата на многу луѓе.

Писателот на стрипот за Човекот-пајак, Брајан Мајкл Бендис (Brian Michael Bendis), со потекло е евреин и има посвоено две деца од Африка, и Алонсо кажува дека и за него изборот на ликот на новиот Човек-пајак е „многу личен“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi