Нуклеарна централа претворена во забавен парк

3 јуни, 20110
367907824de7abc6e8c98035281775_orig

Една нуклеарна централа во Германија, која никогаш не е ставена во функција, претворена е во забавен парк кој привлекува половина милион посетители годишно.

Како што пишува францускиот Figaro, постоењето на Калкар објектот, во северозападна Германија, требало да претставува врв во технолошкото достигнување, но проектот бил напуштен, а зградата претворена во забавен парк.

Импресивната кула за ладење на нуклеарната централа, била насликана со алпски пејсажи. Во просториите каде требало да има турбини, реактор, сега има хотелски соби, ресторани и барови.

Се разбира се добило нов изглед со нови декорации кои потсетуваат на Египет и Дивиот Запад. Управата на комплексот планира во иднина да направи и базен, СПА центар, мал шопинг центар, па дури и мало баварско село.

Денеска, “Wunderland Kalkar” го посетуваат повеќе од 600 илјади луѓе годишно, а во екот на сезоната вработени се до 550 работници.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi