Обама ги одликуваше војниците кои го убија Бин Ладен

7 мај, 20110
2010022609504150

Американскиот претседател, Барак Обама во тајност ги одликуваше американските војници кои го убија водачот на терористичката организација Ал Каеда, Осама Бин Ладен.

Состанокот на Обама со припадниците на елитната единица е оддржан приватно како би се заштитил нивниот идентитет и тајната природа на нивната работа.

Обама ја посетил воената база во Кентаки каде се заблагодарил и и’ оддал почит на специјалната единица “Морнарички фоки“ која го изведе смртоносниот напад врз Осама Бин Ладен во Пакистан. Со поддршка на јавноста, дури и со честитки од републиканските критичари за ликвидацијата на Бин Ладен, Обама ги одликуваше припадниците на елитниот одред на таен состанок во воената база Форт Кампбел, пет дена откако ја објави смртта на водачот на Ал Каеда.

“Ова е прилика за мене да кажам во името на сите Американци и луѓето ширум светот – добро завршена работа“, рекол Обама.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi