Објавени снимки од тајните американски летала

2 јуни, 20110
1

Суспендиран и свртен наопаку, прототипот на титаниумскиот А-12 шпионски-авион е подготвен за радарско тестирање во Областа 51 во доцните 1950ти. После серија на декласификации, детали од дејствата и исходите на Студената Војна во базата во Невада, која до денешен  датум официјално не постои, доаѓаат на виделина-вклучувајќи и никогаш пред тоа објавени слики од пад на А-12 и неговата прикриеност.

Областа 51 беше создадена за да војниците од САД во Студената Војна со највисоки ранкови и пропусници можеле да присуствуваат на многу важни аеронаутски проекти подалеку од очите на јавноста или пак на блиските.
За време на 1950те и државната тајна за програмата ОЏЦАРТ во “Областа 51 од 60те“ се развил А-12 како најголем успех после У-2 шпионскиот авион.
Скоро и незабележлив од радар, А-12 можел да лета 2.200 милји на час (3.540 кмч) , доволно брзо за да го помине тлото на САД за 70 минути. Од висина од 90.000 стапки (27.400 метри). Камерата на авионот можела да “фаќа“ слики со големина од една стапка (30 цм), објекти на земјата под него.
Но притискањето и поминувањете на границите дојде со ризик и заедно со тоа пад на А-12 авионот во 1963 и тоа надвор од Областа 51.
Забрзаното државно прикривање на целиот настан следуваше потоа заедно со отстранување на сите јавни траги од скршениот А-12, јавни слики кој се објавени прв пат во оваа галерија, благодарејќи и на декласификацијата на фотографиите кој што ЦИА неодамна ги направи.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *