Од нос до секс!

25 август, 20110
od nos do seks naslovna

Египетска кралица Клеопатра е најпозната заводничка која со помош на посебна мешавина од ружи, цимет и други билки го заведувала Марк Антони.
Италијанките долго време го користат босилекот да ги заведат потенцијалните љубовници. Во древните Арапски прирачници за секс се среќаваат начини за користење на биберот како состојка за заведување.

Мирисите можат да бидат одлични „привлекувачи“ за интимен однос. Денес е научно докажано дека мирисите создаваат одредени реакции кај човекот. Мирисите може да усреќат, помагаат за смирување, можат да ја избркаат тремата, да ги ублажат болките и да делуваат како јаки афродизијаци.

Пред вас се нај 7 мириси кои со сигурност ќе ве усреќат вас и вашиот партнер.

Багремот

Свежо зеленикаво, благо ароматично масло од кора на багрем, е незаменлив дел од многу парфеми. Багремовиот мирис не може да се вброи во тешки и јаки љубовни мириси, бидејќи тој шири топол и смирен мирис.

Во арома – терапијата со масло од багрем се користи за смирување на телото и смирување на болки на телото, а со тоа и згрченоста во љубовните односи. Не го нанесувајте на кожата затоа што е доста надразлив и ја зголемува осетливоста на светлина.

Гераниј

Маслото кое се добива од посебни врсти на парагонии (кај нас попознати како љубичици) со својот сладок мирис делува доста заводливо. Имено маслото од парагонии делува на кората на надбубрежната жлезда која е задолжена за лачење на одредени сексуални хормони.

Ѓумбир

Ако сакате потполно да го излудите својот партнер на себе ставете мирис од ѓумбир. Ароматичен, топол, благо сладок мирис, полн погодок во хипоталамусот на вашиот партнер. Хипоталамусот е местото на кое треба да се цели, местото од кое се лачат нашите љубовни и еротски нагони.

Јасмин

Цветниот, сладок, скоро опоен мирис на јасминот ја превзема улогата на еден од најеротичните мириси на светот. Со својот интензивен хипнотизирачки мирис успева кај двајцата партнери да постигне баланс во љубовната игра. Не смее да се употребува кога жената е бремена.

Ружа

Мирисот на ружата докажано е најдобриот заводник на жени, затоа што делува на женската (јин) енергија. Овој мирис ослободува и го поттикнува љубовниот нагон. Најновите истражувања докажаа дека маслото од ружа влијае на хормонската рамнотежа кај жената. Помага при депресија и истовремено ги ублажува и предменструалните болки.

Мускутна кадулија (Salvia sclarea)

Топлото, ароматично мирисно масло од мускутната кадулија влијае многу позитивно кај жената. Ова масло е доста популарно кај жените, мирисот е на сите познат, но малкумина знаат од што е тој мирис. Неверојатната моќ да смирува, а со тоа создава возбудлива атмосфера. Овој вид на масло е идеално за оние жени кои се предадени на работата и кои имаат проблеми со сексуалниот нагон.

Сандаловина

Маслото од сандаловина има сладок мирис и се добива од азиската сандаловина. Имено, самото растение има слични молекули како тестостеронот. Тоа го објаснува фактот зашто жените несвесно го сакаат мирисот на сандаловината. Мирисот возбудува, зголемува циркулација, а на тој начин  еротските доживувања го достигнуваат врвот.

Во човековото тело фермоните пред се ги произведуваат потните жлезди, градната жлезда тимус, лимфните жлезди на главата и жлездите на гениталните органи. Сите тие телесни мириси често и не сме свесни дека постојат, а многу значат кога станува збор за привлекувањето и сексуалноста.

Затоа научниците заклучуваат дека луѓето овие мириси не ги препознаваат како мириси, туку исто како и кај животните со помош на посебен детектор во носот, таканаречениот вомероназален дел на носната шуплина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit