Пола Србија – импотентна! Оштрете “таквите” и правец – север:)

25 август, 20110
0831091

Иако Србите, врз основа на бројни истражувања, се во самиот врв во ЕУ по должината на пенисот, докажано е дека секој втор повремено во креветот има проблеми. Резултатите од неодамнешното истражување во Србија јасно покажало дека речиси секој втор граѓанин во Србија, на возраст од 35-65 години, има проблеми со ерекцијата.

Д-р Александар Милошевиќ, уролог, изјавил за Блиц дека 99 проценти од Србите барем еднаш имале проблем во креветот.

– Точно е дека 50 отсто од мажите имаат проблем со ерекцијата, а фактори кои се виновни затоа се: дебелината, шеќерната болест, високиот холестерол и други метаболички нарушувања. Бидејќи еректилната дисфункција е болест како и секоја друга, потребно е мажот веднаш да посети лекар. Постојат лекови. Понекогаш неможноста да се постигне ерекција, всушност, е симптом за сериозни болести – вели д-р Милошевиќ.

– Никогаш не сум имал проблеми во сексот, додека не ја зголемив телесната тежина. Кога прв пат имав проблем со ерекцијата не сакав во врска со тоа да разговарам со мојата сопруга. Отидов на лекар после неколку месеци, кога веќе станав депресивен. Многу ми беше срамно и незгодно. Потоа добив лекарства, и сега за сега се е во ред, изјавил за Блиц Марко Ј. (42), од Белград.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi