
Жените не ја сакаат зимата затоа што нивната фигура во капутот не изгледа баш најдобро. Сепак, дококу изберете капут кој одговара на вашата фигура и вашето тело ќе изгледате многу подобро и ќе ги скриете вашите недостатоци, а ќе ги истакнете вашите атрибути.
Тело како јаболко: Вашиот најголем проблем е централниот дел , па наместо широка јакна изберете капут кој ќе ви ја нагласи половината. Надуени јакни и палта кои изгледаат како ски опрема не се за вас. Изберете капут со средна должина, никако краток. Исто така, за вас одличен избор се и јакните со “V” израз.
Тело како круша: Кај вас колковите и бедрата се многу поизразени во однос на остатокот од телото, па затоа изберете капут со впечатлива јака кој ќе го сврти вниманието од критичните делови. Сличен ефект имаат и интересните ракави и качулките.
Тело како песочен часовник: Вие имате раскошен став и тесна половина. Затоа избегнувајте широки јакни кои ќе ја скријат половината и ќе направат вашите гради и вашите колкови да изгледаат премногу широки. Изберете капут со рамен крој и средна должина.
Атлетски градени: Вие имате мали гради и тесни колкови. Затоа изберете широк капут со ревери или крзно кои визуелно ќе ги изголжат градите. Изберете тесен капут со нагласен струк и кратка должина.