Една британка која патела од дебелина, за две години успеала да се ослободи од вишокот килограми. 27 годишната Натали Роу која некогаш имала 152 килограми и не можела да се ослободи од вишокот поради големата страст кон слатките. Затоа експертите и понудиле да направи операција (гастритичен бајпас), на која таа се согласила, откако открила дека овој тип на операција им помогнал на многумина.
Две години по операцијата, Натали која е висока 162 сантиметри, сега тежи 62 килограми и се уште слабее, јавува DailyMail.
“Бев во шок по операцијата. Повторно бев дебела и имав огромна лузна на стомакот“, кажала девојката која на сликата покажува како во своите стари панталони сега ја собира само во едната ногавица.