Основец прободен со нож во тепачка

5 мај, 20110
MVR
Два инциденти во исто време во две основни училишта се случија утринава во Скопско.
Петнаесетгодишен ученик од основното училиште “Емин Дураку“ од скопското село Буковиќ, утрово околу 10,30 часот прободел со нож тринаестгодишен соученик од истото училиште. Му нанел повреди во раката и во стомакот, над левиот колк, по што побегнал. Полицијата трага по напаѓачот. Двајцата ученици биле од селото Семениште.
Вториот инцидент се случил во основното училиште “Дрита“ во селото Сарај. Служител од училиштето пријавил дека наставник од друго училиште пукал кон него во дворот на училиштето пред учениците. Полицијата излегла на местото на инцидентот и пронашла две чаури. Двајцата имале претходни недоразбирања. Полицијата трага по напаѓачите.
Од почетокот на годинава, инцидентите во училиштата се сè позачестени. Еден ученик  смртно настрада при ваква тепачка во средното градежно училиште „Здравко Цветковски“.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi