Откачил на стари години! Си го сменил полот на 69 години! :)

15 ноември, 20110
donald-na-dona

Доналд Едмунд Бодсворт (74) од Велика Британија пред пет години го променил својот пол и станал Дона, во својата 69 година, а со тоа станал и најстариот маж во таа земја кој направил пластична операција и промена на полот.

„Сакав да покажам дека никогаш не е доцна. Да се биде жена е нешто прекрасно. Сега само сакам да го пронајдам мажот со кого ќе го поминам остатокот од мојот живот“, изјавила Дона и додала дека уште како дете знаела дека сака да биде жена.

„Сакав да се шминкма и да носам високи потпетици, а моите родители беа шокирани. Кога им рекод дека сакам да бидам женско тие ми велеа, „не биди глупав“, изјавила Дона.

„Луѓето не ме разбираа, никаде неможев да се вклопам, но бев сигурна дека сум жена заробена во тело на маж, ми се допаѓаа момчиња и често фантазирав дека сум им девојка“, искрено кажала Дона.

Дона  на 50 години сфатила дека мора да преземе нешто.

„Почнав прво да земам женски хормони, наскоро градите малку ми пораснаа, брадата ми ја снема, а пенисот ми се смалуваше. Но, на работа неможев да се појавувам облечена како жена, тоа ќе беше скандал. На работа одев облечена како маж, а дома кога ќе дојдев се облакав како жена и ставав перика“, признала Дона.

Дона на 65 години заминала во пензија и од тогаш живее како жена, а на 69 години го променила и полот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi