Откако порно ѕвезда ги посетила првачињата, училиштето се брани: Не знаевме дека е толку “анална”:)))

16 ноември, 20110
sasha_grey_sexy2

Управата на училиштето во Комптон прво тврдела дека порно актерката Саша Греј никогаш не се појавила на настава во нивната установа. Но кога еден американски магазин објавил фотографии на кои се гледало како добитничката на порно-оскар им чита книга на првачиња, управата веднаш ја променила приказната. Сега тврдат дека не знаеле со што се занимава, и мислеле дека е само обична актерка позната по улогата во серијата Entourage. “Не знаевме дека е толку анална”, им изјавиле на новинарите.

Саша е добро позната во светот на порно индустрија. Снимила повеќе од 100 филмови за возрасни, а за некои од своите улоги е и наградувана, добила и порно Оскар за сцена со најдобар анален секс како и за најдобар орален секс во порно филм. Во училиштето била во рамките на програмата во која гости им читаат на учениците. Родителите се згрозени. “Зарем не можеа да викнат некој полицаец или пожарникар? Зарем мораа ли баш порно глумица?”, изјавиле вознемирените родители.

И самата Саша се огласила по повод нејзиното контроверзно гостување во основното училиште. “Верувам дека образованието е универзално право. Се посветив на оваа програма разбирајќи дека луѓето имаат свое мислење во врска со моето минато. Јас сум глумица. Јас сум уметник. Јас сум нечија ќерка. Јас сум нечија сестра. Имам минато кое многу луѓе не го одобруваат, но тоа минато не ме дефинира како личност. И нема да живеам во страв од него”, изјавила Саша Греј.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi