Кралската двојка стана интересен предизвик за тенис фановите на шампионатот Вимблдон.
Принцот Вилијам и Војводката од Кембриџ Кејт, ги изненадија фановите на тенисот овој понеделник, кога се појавија на Вимблдон за да го гледаат својот омилен британски тенисер, Енди Мареј.
Кралската двојка доби многу овации од публиката додека седнуваше на своите места во централниот дел на трибините.
Парот го гледаше британскиот играч, кој го победи французиниот Ричард Гаске во сите сетови, 7:6 6:3 6:3, на седмиот ден од турнирот. Мареј сега ќе напредува кон четврт-финалето.
Кејт, која е страствен тениски фан, носеше бел фустан од британската марка Temperley London.