Овошните “зашеќерени” сокови развиваат потсвесна склоност за благо
Овошните сокови имаат премногу шеќер и затоа не би требало да имаат свое место меѓу петте оброци кои ги конзумирате дневно, велат истражувачите Од Универзитетот Бангор во Велс.
Истражувањето покажало дека овошните сокови кај некои луѓе ја “убиваат” жедта, но ја подобруваат “потсвесната склоност” за сладок вкус, пренесува Daily Mail.
Истражувањето покажало дека се потребни малку слатки намирници за да се промени прцепцијата за вкус и колку се всушност моќни слатките прозиводи, вели експертот Ханс-Питер Кубис.
Потрошувачката на свежи овошни сокови ќе има последици за здравјето, бидејќи тоа влијае на зголемување на тежина и дијабетес тип 2. Главната цел на истражувањето е да се советуваат родителите на децата наместо овошни сокови да им даваат вода.