Портокалова и виолетова се нов моден хит!
16 јуни, 20110

Во оваа комбинација блеснаа Шерил Кол, Ким Кардашијан и Џесика Алба, а ги красат и насловните страници на познатите модни списанија, како “Vogue” и “Marie Claire”.
Впечатливата комбинација на виолетова и портокалова достигна до насловните страници на престижните списанија Vogue и Marie Claire. Интензивна портокалова и елегантно ненаметлива виолетова, во минатогодишните модни правила никогаш не оделе во комбинација, а и денес за да го носите овој смел моден израз треба да имате одредена доза на храброст.